Достапни линкови

Трамп победи во пет, а Клинтон во четири држави


Милијардерот Доналд Трамп победи на републиканските избори за претседателски кандидат во пет американски држави, додека Хилари Клинтон обезбедила победи во нејзината Демократска партија во четири држави. Партиски избори за претседателската трка се одржаа во Конектикат, Мериленд, Пенсилванија, Делавер и Род Ајленд. Демократот Берни Сандерс победи само во Род Ајленд. Најновите победи на Трамп го зголемуваат бројот на делегати кои ќе гласаат за него на партиската конвенција во јули годинава. Неговите ривали Тед Круз и Џон Кејсиќ веќе најавија дека ќе ги здружат силите против Трамп.

XS
SM
MD
LG