Достапни линкови

logo-print

Фридом хаус: во Македонија нема слобода на медиумите


Во најновиот извештај на Фридом хаус за слободата на печатот Македонија од групата делумно слободни падна во групата неслободни земји. Тоа е поради обелоденувањето на масовното и нелегално прислушување новинари од страна на владата, корупциските врски меѓу функционери и сопственици на медиуми, како и зголемените закани и напади врз медиумски работници. Всушност Македонија е единствената земја во регионот, заедно со Турција која е во групата неслободни земји. Сите други се во групата делумно слободни. Исто така Македонија е една од земјите кои во минатата година забележале најголеми падови. Меѓу нив се Турција, Бангладеш, Бурунди, Франција, Србија, Јемен, Египет и Зимбабве.

XS
SM
MD
LG