Достапни линкови

Укинат притворот за осомничените во „Транспортер“


Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 го укина притворот за двајцата осомничени од случајот „Транспортер“ и ја преиначи одлуката на судијата на претходна постапка во определување на мерка за обезбедување на присуство, односно одземање на патната исправа, обврска на осомничените да се јавува во судот во Битола и забрана за осомничените да го напуштаат градот. е наведно во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

Кривичниот совет ги одбил жалбите на Специјалното јавно обвинителство, кои беа поднесени поради неопределување на мерка притвор, со што останува на важност решението со кое за другите двајца осомничени е одредена мерка одземање на пасош.

Истрагата за „Транспортер„ опфаќа вкупно 81 криминално дејствија. Во неаосомничен е и Градоначалникот на Битола Владимир Талески, кој заедно со општинскиот претседател на Комисијата за јавни набавки и група превозници ги местеле тендерите за превоз на ученици со што општина Битола го плаќала најскапиот превоз во светот .

Во предметот што го отвори Специјалното јавно обвинителство под името „Транспоретер“ прво осомничен е градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески за злоупотреба на 360 илјади евра од буџетот преку злоупотреба на службената положба.

Mинатата недела, кривичниот совет одлучи дека за секретарот на општина Битола, Слободан Бончановски треба го замени притворот со куќен притвор.

XS
SM
MD
LG