Достапни линкови

„Криминалците ги чека робија“ порачаа демонстрантите пред Собранието


Демонстранти пред Собранието држат говори

Демонстранти пред Собранието држат говори

Неколку илјади демонстранти пристигнаа пред Собранието на Македонија. Од таму професорот во средното училиште „Орце Николов“ Душко Стојановски во своето обраќање пред демонстрантите истакна дека е среќен што протестира и дека тоа го прави во име на неговите деца и внуци, како и неговите колеги кои не смеат да протестираат. Тој изјави дека е крајно време да им се каже „Не“ на сите кои што не потценуваат во изминативе десет години.

На демонстрантите им се обрати и преставничката на Студентскиот пленум Ивана Туфегџиќ која ги повика граѓаните да им се приклучат на демонстрантите за да им порачаат на, како што вели, криминалците дека ги чека робија.

„Овој режим понесе голем број жртви, нели вие доаѓа да кажете доста е, секој од вас има одговорност да не молчи пред неправдата. Кога ќе дојдат по вас и кафето ќе ви стане горко. Денеска има несопирлива река народ, а историјата ги памети победниците,“ изјави Туфегџиќ.

Демонстрантите пред Собранието извикуваа „Нема правда, нема мир“ и „Робија за криминалците“. Од таму се упатија кон Владата.

Ова е тринаесети ден како демонстрантите на улица го искажуваат својот револт против одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да помилува 56 политичари кои се поврзани со изборен криминал, злоупотреба на службена должност, проневера на државни пари и со аферата прислушување.

XS
SM
MD
LG