Достапни линкови

Народната канцеларија на Иванов на мета на „Шарената револуција“


Министерството за правда и Народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов во центарот на Скопје беа денеска првата мета на таканаречената „Шарена револуција“. Демонстрантите на самиот почеток на протестот со балони со боја фрлаа кон овие два објекта. Потоа неколкумина од нив запалија испечатени фотографии од претседателот Ѓорѓе Иванов. Канцеларијата беше празна. Демонстрантите бараат Иванов да ја повлече аболицијата за 56 политуичари поврзани со аферата прислушување. Тие извикуваа „Џабе ви е аболиција“ и „Нема правда, нема мир“. Тие се упатија кон Собранието од каде што се слуша песната „ Во Борба“ .

XS
SM
MD
LG