Достапни линкови

logo-print

Двајца загинати во експлозија во Ереван


Ерменската полиција соопшти дека го идентификувала човекот осомничен за експлозијата на автобусот во која загинаа две лица, а седум беа повредени.

Истражниот комитет на Ерменија соопшти дека СИМ картичката кој ја пронашле на местото на настанот, му припаѓала на Ерменец кој има служено затвор и дека во неговиот дом нашле експлозиви и детонатори.

Тие не го изнесоа неговиот идентитет, но изјавија дека е можно тој да е еден од загинатите.

Претседателот Серж Сарикисјан нареди полицијата да ги засили патролите за безбедност. Двајца тинејџери претрпеа сериозни повреди и беа однесени на итна операција во болницата во Ереван. Докторите рекоа дека нивните животи не се во опасност.

XS
SM
MD
LG