Достапни линкови

Протести во Турција против верски Устав


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Турската полиција употреби солзавец против демонстрантите во Анкара, кои протестираа поради изјавата на претседателот на Парламентот, Исмаил Кахраман дека земјата треба да има „верски устав“. Полицијата растера група од над сто демонстранти, спречувајќи ги да даваат изјави на новинарите пред Парламентот во Анкара. Демонстрантите извикува „Турција ќе остане секуларна!“ Приведени се неколку демонстранти, а слични протести се најавени и во другите градови.

XS
SM
MD
LG