Достапни линкови

Полицијата виновна за трагедијата во Хилсбороу


Поротата во Обединетото Кралство утврди дека 96 фанови на фудбалскиот клуб Ливерпул загинале поради грешки на полицијата, на британскиот стадион „Хилсбороу“ во 1989 година.

Поротата заклучи дека однесувањето на поддржувачите на Ливерпул не ја предизвикало трагедијата.

Пресудата следи по најдолготрајната истрага во правната историја на Англија. Поротата утврди дека полицијата направила грешки во планирањето на натпреварот на 15 април 1989 година, при што била предизвикана опасната ситуација.

Катастрофата се случи за време на полуфиналниот натпревар од ФА Купот, меѓу Ливерпул и Нотингем Форест.

Во обид да биде намалена толпата надвор од стадионот, пред почетокот на натпреварот полицијата ја отворила излезната врата при што влегле 2000 навивачи, кои ги здробиле жртвите позади голот на крајот на стадионот.

XS
SM
MD
LG