Достапни линкови

Бегалците во Турција живеат надвор од камповите


Речиси 90 отсто од сириските бегалци во Турција живеат надвор од бегалските кампови и таа ситуација е загриживачка, изјави денеска портпаролката на Светската програма на Обединетите нации за храна, Бетина Лошер.

„Загрижени сме поради ситуацијата во Турција, каде има најмногу сириски бегалци. Не загрижува ситуацијата поврзана со обезбедување храна и тоа што ситуацијата се влошува, рече таа, додавајќи дека речиси 90 отсто од бегалците живеат надвор од камповите и немаат работа.

Лошер нагласи дека е неопходно итно да се одредат најранливите категории и да им биде укажана помош.

Според неа Светската програма на ОН за храна работи заедно со турската Црвена полумесечина и во моментов пружа помош на речиси 250 илјади од Сиријците, кои имаат најголема потреба од помош.

XS
SM
MD
LG