Достапни линкови

logo-print

Демонстранти во Багдад бараат реконструкција на владата


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Десетици илјади демонстранти го послушаа повикот на моќниот шиитски мулимански свештеник, Моктада ал – Садр, да излезат денеска на протест на улиците во Багдад и да побараат Парламентот да гласа за реконструкција на Владата.

Демонстрациите пред вратите на високо обезбедуваната Зелена зона, во која се сместени Парламентот и странските амбасади, е дел од притисокот на Садр кон премиерот Наидер ал – Абади да ги заврши предлозите за реформи стари неколку месеци.

Предложената реконструкција на Владата се во насока на борба против корупцијата, во услови на поделеност меѓу пратениците со што се попречува работата на Владата.

Собирот на улиците на Багдад беше најголем во изминативе неколку недели.

XS
SM
MD
LG