Достапни линкови

САД распоредува ракетен систем во Турција


Илустрација.

Илустрација.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека САД ќе распоредат ракетен систем во Турција, близина на територијата која е под контрола на групата на Исламската држава во Сирија.

Чавушогли истакна дека артилерискиот ракетен систем со висока мобиолност, кој ќе биде распореден во мај во југоисточна Турција, е дел од стратегијата за да се изолира областа околу сирискиот град Манбиж.

Областа во Турција редовно е гаѓана од ракети од територијата на Сирија.

Ракетниот систем ќе биде користен против милитантите на групата на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG