Достапни линкови

Македонија да одговори каде е на патот кон НАТО


Шефот на канцеларијата на НАТО во Македонија, генералот Румен Радев вели дека сега е време Македонија да ја преиспита својата иднина и моменталната ситуација треба да го обедини народот, бидејќи таквите моменти не прават посилни.

Каде е Македонија на патот кон НАТО е клучно прашање кое треба да биде одговорено од сите политичките лидери и партии во земјата, како и од невладините организации, целото општество и младина, вели шефот на канцеларијата на НАТО во Македонија, генералот Румен Радев. Според него, сега е време Македонија да ја преиспита својата иднина и моменталната ситуација треба да го обедини народот, бидејќи таквите моменти не прават посилни. Одговарајќи на новинарско прашање за време на студентската симулација-НАТО во очи на самитот во Варшава дали Алијансата е во втор план за Македонија поради политичката криза Радев рече дека НАТО го поддржува членството на Македонија и целиот Западен Балкан кога ќе бидат исполнети сите услови. Тоа според него, е едната страна на монетата, а другата страна е националниот интерес.

Каде е земјата. Јас сум оптимист и верувам дека истото важи и за сите главни политички партии кои веќе го потпишаа Договорот од Пржино кои истакнаа на самиот почеток дека иднината на државата е европската и евроатланската интеграција. Секако секоја земја има моменти и сакам да кажам дека сега е моментот за стратешко преиспитување или може да биде и момент на криза им се случува на сите земји.
Генерал Румен Радев, шеф на канцеларијата на НАТО во Македонија,

„Каде е земјата. Јас сум оптимист и верувам дека истото важи и за сите главни политички партии кои веќе го потпишаа Договорот од Пржино кои истакнаа на самиот почеток дека иднината на државата е европската и евроатланската интеграција. Секако секоја земја има моменти и сакам да кажам дека сега е моментот за стратешко преиспитување или може да биде и момент на криза им се случува на сите земји. Затоа јас сум оптимист, а вечерта на престојните избори би сакал да ги охрабрам сите луѓе да мислат на иднината што очекуваат и да мислат на последиците“, вели Радев.

Радев потенцира дека Македонија е дел од Европа и има поддршка од сите меѓународни организации како за мигрантската криза така и на билатерално ниво.

Заменик министерот за одбрана Беким Максути одговарајќи на истото прашање рече дека зачленувањето на НАТО не е во втор план.

„Точно е дека се наоѓаме во една политичка криза која не треба да не одалечува сите од евроинтегративниот процес во ЕУ и НАТО. Сите заедно и владата и цивилното општество и опозицијата треба да работиме да Република Македонија си го најде своето место каде што припаѓа. Тоа е место заедно рамо до рамо со сите земји членки на НАТО и на ЕУ. Впрочем тоа сме го покажале со досегашната пракса со учеството во мировните мисии и определбата наша да бидеме дел од НАТО и ЕУ“, рече Максути.

Јасно е дека додека имаме политичка криза шансите за добивање покана за членство во НАТО за Македонија се намалуваат рече Исмет Рамадани од Евроатланскиот совет, кој беше организатор на настанот. Но, се разбира, според него има други обврски кои треба да се исполнат како решавање на спорот со името.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG