Достапни линкови

logo-print

Украина одбележува 30 години од катастрофата во Чернобил


Украина денеска одбележува 30 годишнина од нуклеарната катастрофа во Чернобил, со комеморација и серија настани во сеќавање на најлошата цивилна нуклеарна катастрофа во светот.

Сирени беа пуштни во раните утрински часови за да го одбележат моментот кога првата експлозија го разнесе покривот на зградата на реакторот и фрли облак со радиоактивен материјал во воздухот, пловејќи низ Украина, Русија, Белорусија и северна Европа.

Комеморацијата беше одржана после полноќ во градот Славутич, кој беше изграден за да се сместат работниците од катастрофата во Чернобил.

Украинскиот претседател Петро Порошенко, подоцна во текот на денот планира да ја посети церемонијата во близина на нуклеарниот реактор.

Исто така предвидена е панихида и во црква во Киев.

Нивото на радиоактивност и натаму е високо во околината на Чернобил.

Од 2010 година се гради голема купола врз оштетениот реактор, за да се изолираат околу 200 тони ураниум за кои се смета дека се уште се таму.

Постојат стравувања од колабирање на делови на оштетениот реактор, од кој е можно да се испушти уште еден радиоактивен облак во атмосферата.

XS
SM
MD
LG