Достапни линкови

Могерини: Турција се уште далеку од ЕУ


Турција се уште е далеку од присоединување кон ЕУ, изјави денеска високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини. „Се уште сме далеку од тоа, рече Могерини за Франс-ентер, одговарајќи на прашањето за роковите за присоединувањето на Турција кон ЕУ.

Таа потсети дека засега се уште не е решено прашањето за воведување безвизен режим за турските државјани во Шенген зоната.

Освен тоа, Могерини истакна дека преговорите меѓу Брисел и Анкара се „полезни“, главно за Турција.

„Убедена сум, дека преговорите со Турција за членство вo EУ се единствената можност да се помогне на таа земја да се модернизира, да ги почитува основните права, вклучувајќи ја слободата на медиумите и на говорот“, додаде Могерини.

XS
SM
MD
LG