Достапни линкови

На Балканот уапсени за шверц со дрога и оружје


Полициите на шест балкански земји уапсиле 22 лица и заплениле големо количество оружје и дрога во координирана акција на спречување меѓународен шверц, соопшти Интерпол. Полициската операција се одвивала во периодот од 17 април до 19 април во Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Словенија и Србија, а по барање на Интерпол и со поддршка од Еуропол и Фронтекс. Бранислав Павловиќ, претседател на Интерпол за Босна и Херцеговина соопшти полицијата запленила големи количества пушки, рачни гранати, експлозиви, муниција, пари, злато, возила, и дрога, поголемиот дел од него во Босна и Херцеговина. Павловиќ не ја прецизира националноста на уапсените или од каде потекнува оружјето. Директорот на ЦИА Џон Бренан во минатата недела ја посети Босна и Херцеговина за да разговара за мерките во борбата против тероризмот. Шверцерите често пати го користат Балканот за криумчарење дрога и оружје во Западна Европа.

XS
SM
MD
LG