Достапни линкови

Претседателот на турскиот парламент е за верски устав


Идниот Устав на Турција треба да биде „религиозен“, а секуларизмот не би требало ни да се спомнува. Ова, како што пренесе државната новинска агенција Анадолија, го изјави претседателот на турскиот парламент Исмаил Караман на една конференција во Истанбул. „Ние сме муслиманска земја и затоа треба да направиме верски устав„, изјави Караман кој е член на исламско конзервативната Партија на правдата и развојот. Од доаѓањето на власт, оваа партија на претседателот Реџеп Таип Ердоган е под притисок на тврдењето на нејзините критичари дека ака исламизација на турското општество.

XS
SM
MD
LG