Достапни линкови

Обама: Путин се обидува да го поткопа европското единство


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин на европското единство гледа како на закана и затоа се обидува да ја поткопа. Притоа тој во интервјуто за Си Би Ес како пример ја спомна бегалската криза во Европа. „Притисокот врз европската политика, начинот на кој напредува екстремно десничарскиот национализам и степенот со кој се поттикнува распадот на европското единство, се само некои од случаите што се експлоатирани од некој како Путин“, изјави Обама, наведувајќи дека се обидувал да го разувери рускиот лидер во неговото верување дека НАТО и Европската унија претставуваат закана.

XS
SM
MD
LG