Достапни линкови

Балони со боја и за зградата на МНР


Учесниците во протестот, движејќи се од Собранието на РМ кон Основниот суд Скопје 1, фрлија балони полни со боја кон зградата на Министерството за надворешни работи. Демонстрантите кои се наоѓаа најблиску до припадниците на полицијата распоредени пред министерството, ги штитеа полицајците со чадори за да не бидат испрскани со бојата.
И претходните денови таканаречената „Шарена револуција“ ги боеше најчесто објектите од проектот Скопје 2014, како што се портата Македонија, споменикот „Воин на коњ“, Министерството за култура, Агенцијата за медиуми и други.

XS
SM
MD
LG