Достапни линкови

Протестот пред Собрание, па кон судот


Граѓанскиот протест, кој вообичаено почна пред Специјалното јавно обвинителство, продолжи кон Собранието на Република Македонија, каде што на насобраните им се обрати Бранимир Јовановиќ од партијата „Левица“. Тој рече дека двајцата членови на нивната партија, кои беа приведени изутрината, добиле мерка домашен притвор. Потоа на бината излезе пејачката Кристина Арнаудова, која истакна дека постојат милион причини за протест. Петре Шилегов од СДСМ пред насобраните граѓани им порача на властите „нема да не сотрете“.

Потоа, демонстрантите се упатија кон зградата на Основниот суд.

Инаку, вечерва на протестите им се приклучија и луѓето од Сојузот на борци на Македонија. Демонстрантите, извикувајќи „Оставка оставка“ , „Робија за криминалците“, „Шутка не ти бега, Никола“, меѓу другото, бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство и итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов.

XS
SM
MD
LG