Достапни линкови

Најмалку петмина загинати во експлозија во Сирија


Илустрација.

Илустрација.

Сириските државни медиуми соопштуваат дека најмалку пет луѓе се убиени и 20 повредени во денешен напад на автомобил бомба во јужниот дел на периферијата на главниот град Дамск. Бомбашот самоубиец го детонирал експлозивот откако бил откриен од еден од војниците на пунктот. Сириската опсерваторија за човекови права вели дека најмалку осум луѓе се убиени во нападот. Групата на Исламската држава ја презема одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG