Достапни линкови

Почна протестот пред СЈО


Граѓани и денеска излегоа на протест пред СЈО, како дел од „Шарената револуција.“ Нив вечерва им се приклучија и луѓето од Сојузот на борци на Македонија, извикувајќи „Оставка оставка“ и „Робија за криминалците.“ Демонстрантите барат и слобода за притворениот професор и член на новата партија „Левица“, Здравко Савески. За разлика од претходните денови засега не е забележливо зголемено присуство на полиција. Демонстрантите, меѓу другото, бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство и итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов.

XS
SM
MD
LG