Достапни линкови

Турција парично казни новинар за навреда на Ердоган


Кан Дундар – главен и одговорен уредник на турскиот водечки опозициски дневен весник „Чумхуриет“, доби парична казна од 10.000 долари за наводно навредување на претседателот Реџеп Таип Ердоган, изјавија денеска новинарот и неговиот адвокат. Новинсата агенција ДПА го цитираше адвокатот на Дундар како вели дека случајот против новинарот е поврзан со прилога за корупциски скандал кој ја потресе турската влада во 2013 година. Точната причина за денешната пресуда се уште не е јавно објавена од страна на судот. Дундар на твитер напиша: „ако откривањето на вистината е криминал, ние и натаму тоа ќе го извршуваме.“

XS
SM
MD
LG