Достапни линкови

Кривични пријави за оштетување на канцеларијата на Иванов


Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство поднесе кривички пријавио против четири лица, поради сомневање за кривично дело: „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, информираше МВР.

Кривичните пријави биле предадени на 14 април против Н. А. (30) и Ф. Н. (30) двајцата од Скопје, кои како што информира Министерството, делото го извршиле на 13-ти овој месец, за време на одржување ненајавен протестен собир на кој присуствувале околу 2.000 граѓани.

„Тие учествувале во толпа со заедничко дејствување, со фрлање на тврди предмети, удирање и кршење на инвентарот, како и во други дејствија насочени кон оштетување на надворешниот и внатрешниот дел на објектот на Народната канцеларија на претседателот на Република Македонија, при што била предизвикана материјална штета“, информира МВР.

Исто така, Единицата за насилен криминал денеска со писмено известување до надлежното Основно јавно обвинитеслтво Скопје ги предаде З.С. и В.К., поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

XS
SM
MD
LG