Достапни линкови

Нов терористички напад во Багдад


Архивска фотографија.

Ирачката полиција соопшти дека во експлозија на автомобил бомба, во преполната трговска област во Багдад, денеска се убиени најмалку шест цивили, а 20 се повредени.

Надлежните велат дека возилото со експлозив е детонирано во близина на кино во Нов Багдад, во претежно шиитска населба. Очевидци велат дека експлозијата уништила пет други автомобили.

Засега нема информации за преземање на одговорноста за нападите од некоја група, но сомнежите се насочени кон милитантите на групата на Исламската држава, која често цели комерцијални јавни места во Багдад.

XS
SM
MD
LG