Достапни линкови

Притворен српски државјанин за криумчарење мигранти


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е поднесена кривична за „криумчарење мигранти“, на лице од Србија во чие возило биле пронајдени 15 мигранти од Авганистан, при што судот му одредил мерка притвор од 30 дена.

Полицијата во утринските часови на магистралниот пат Гевгелија – Скопје се обидела да го застане возилото „Опел Вектра“ со српски регистрации, во близина на селото Удово.

МВР информира дека возачот наместо да застане, ја зголемил брзината и продолжил накај Демир Капија, при што го запрел возилото и се обидел да избега. Во возилото биле откриени мигрантите од Авганистан, а во близина на реката Вардар бил забележан и 21-годишниот возач Н.С. од Србија кој бил уапсен.

XS
SM
MD
LG