Достапни линкови

logo-print

Левица: „Немаат затвори колку што имаме следбеници“


Претставници на политичката партија Левица, на денешната прес конференција пред Основниот суд 1 во Скопје, ги повикаа министерот и заменик министерот за внатрешни работи веќе да не поднесуваат кривични пријави против нивни членови. Тие и со повик до Јавното обвинителство и до судијата кој решава по пријавите, да не одредуваат мерки притвор.

Претходно од Левица соопштија дека членот на раководството на Левица, Здравко Савески изутрината бил повикан на информативен разговор во полициска станица, по што бил приведен и бил одведен пред јавен обвинител и судија во пред истражна постапка, со барање за определување на мерка притвор. Веројатно е обвинет за учество во толпа. Слични постапки биле покренати и против уште неколкумина членови на Левица.

Левица ги повика своите членови веќе да не одат да даваат искази во полициски станици.

XS
SM
MD
LG