Достапни линкови

logo-print

Турските сили годинава убилиe 900 припадници на ИД


Турските сили во воздушни напади од јануари досега убиле речиси 900 припадници на Исламска држава, соопшти денеска турската државна агенција Анадолија, повикувајќи се на воени извори. Турција која е член на коалицијата предводена од САД, која се бори против ИД, од 9 јануари досега убила 492 терористи во воздушни напади, додека во ракетни напади се убиени уште 370 џихадисти.

Земјата, која во последно време доживеа повеќе терористички напади, за кои се смета дека се одговорни џихадистите, вклучувајќи ги и двата напади на бомбаши-самоубијци во Истанбул, од минатото лето се вклучи во воздушните удари на позициите на ИД во Сирија.

Официјална Анкара започна со ударите по нападот на бомбашот-самоубиец во јули минатата година, во кој во пограничниот град Суруч загинаа 34 лица.

XS
SM
MD
LG