Достапни линкови

logo-print

САД ќе испратат 250 војници во Сирија


Американскиот претседател Барак Обама решил да испрати 250 војници во Сирија за да им помогнат на локалните сили кои се борат против милитантите на Исламската држава. Обама ова и официјално треба да го соопшти за време на неговиот говор во Германија со кој ќе ја заврши неколкудневната турнеја во рамките на која ги посети Саудиска Арабија, Британија и Германија. Со потег значително се зголемува американското присуство во Сирија во која беснее граѓанска војна. Таму сега има 50 американски војници.

XS
SM
MD
LG