Достапни линкови

Вучиќ прогласи победа на изборите


Српскиот премиер Александар Вучиќ прогласи историска победа на неговата Српска напредна партија на предвремените избори. Притоа тој вети дека ќе го зачува курсот на земјата да стане членка на европската унија. „Србија ќе продолжи на европскиот пат и ќе се обидеме да го забрзаме тоа“, рече Вучиќ. Според првичните резултати неговата партија на десниот центар доби 49 насто од гласовите. Левичарската Социјалистичка партија остана втора најголема партија во парламентот со скоро 13 насто од гласовите, додека ултра националистичката Радикална Партија на Воислав Шешељ влезе во парламентот со скоро 7 ипол насто.

XS
SM
MD
LG