Достапни линкови

СДСМ-Семејството на Иванов поврзано со фирми во Панама


Портпаролот на СДСМ Петар Шилегов.

Портпаролот на СДСМ Петар Шилегов.

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов денеска на прес-конференција обвини дека семејството на претседателот Ѓорге Иванов е поврзано со бизниси и фирми на Панама. Според него, братот на Маја Иванова, Сашо Тоневски има бизнис релации со фирмата ЛИП „Корп Панама Сити“ од Панама, која е основач и сопственик на фирмата „Делфино травел балканс“. Шилегов истакна и дека кога почнал да се шири скандалот со перењето пари во панамски фирми, фирмата „Делфино травел балканс“ е згасната и избришана од Централен регистар. Кабинетот на Иванов ги демантираше тврдењата.

„Сметаме дека обидот преку лаги и манипулации да се претстави семејството на Претседателот Иванов како дел од криминална банда е крајно недолично и неодговорно однесување на една политичка партија. Ја повикуваме политичката партија СДСМ веднаш да го објави секој трансфер на пари преку таа фирма и да ги соопшти сите кои биле вклучени во било што на таа фирма, која патем е основана во Скопје и никогаш не проработела“.

Од кабинетот наведуваат дека во спротивно, Шилегов ќе мора своите тврдења да ги докаже на суд. Во реакцијата е наведено и дека фирмата „Делфино травел Балканс“ e основана во 2009 година во Скопје со сметка во ТТК Банка во Скопје, а била избршана од Централен регистер во 2015 година.

XS
SM
MD
LG