Достапни линкови

Обама повика на поголем притисок врз Исламската држава


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама на крајот на неговата посета на Лондон го повика западот да продолжи со притисокот врз милитантната група Исламска држава на Блискиот исток. Според него, територијата на милитантната група може полека да се намалува и тоа може да биде поттикнато од засолништата на Исламската држава во градовите, Мосул во Ирак и Рака во Сирија.

САД ја предводат меѓународната коалиција која спроведува воздушни напади на позиции на милитантната група во Ирак и Сирија. Обама истакна и дека ќе биде грешка ако САД, Британија или било која друга западна земја користи копнени сили за соборување на сирискиот претседател Башар ал Асад.

XS
SM
MD
LG