Достапни линкови

Меркел бара специјални зони за бегалците во Сирија


Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел за време на посетата на Турција повика за создавање на специјални безбедносни зони во Сирија во близина на турската граница, каде бегалците ќе можат да пронајдат засолниште. Меркел нагласи и дека гледа голем напредок во борбата против нелегалната миграција.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека неговата земја нема да ја исполни спогодбата со Европската унија за реадмисија на мигранти, доколку не добие визна либерализација. Според него, укинувањето на европските визи за турските државјани е од суштинско значење.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск истакна дека ЕУ ќе потроши милијарда евра за проекти за подобрување на животот на сириските бегалци. Тој ја пофали Турција како најдобар пример во светот, за тоа каков треба да биде односот кон бегалците.

XS
SM
MD
LG