Достапни линкови

Вонредни парламентарни избори во Србија


Гласањето на изборите во Србија

Гласањето на изборите во Србија

Во Србија денеска се одржуваат вонредните избори за членови на новиот состав на Народното собрание. На гласањето се очекува убедлива победа на коалицијата предводена од Српската напредна партија на премиерот Александар Вучиќ.

Последната анкета на јавното мислење, спроведена од агенцијата „ПроПозив“ покажува дека 50,3 отсто ќе гласаат за партијата на Вучиќ, а после неа ќе се најдат Социјалистичката партија на Србија на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ со 11,4 проценти и Српската радикална партија на Воислав Шешељ со 8,2 отсто. Доколку се остварат прогнозите, партијата на Вучиќ ќе ја оствари досега најубедливата победа на едни парламентарни избори од нејзиното формирање.

XS
SM
MD
LG