Достапни линкови

logo-print

Демонстрантите ги гаѓаат со боја лавовите кај Гоце Делчев


Демонстрантите ги гаѓаат со боја лавовите кај мостот Гоце Делчев. Во меѓувреме, полицикси кордон и водени топови се поствени на почетокот на мостот -Гоце Делчев- кој води до Уставниот суд, и со тоа не им се дозволува пристап на демонстрантите до планираната маршута од вечерашниот 11 ти по ред протест. Претходно граѓаните од 18 часот се собираа на старото место, пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, а потоа преку мостот ’Гоце Делчев’ требаше да маршираат до Уствниот суд. Во повикот на Протестирам за денешниот протест во Скопје беше наведено дека тие планираат да протестираат пред еден од симболите на неправда и корумпираност - Неуставниот суд“.

XS
SM
MD
LG