Достапни линкови

Демонстрантите се спречени да стигнат пред Уставниот суд


.

.

Полицикси кордон и водени топови се поствени на почетокот на мостот -Гоце Делчев- кој води до Уставниот суд, и со тоа не им се дозволува пристап на демонстрантите до планираната маршута од вечерашниот 11 ти по ред протест. Претходно демонстрантите од 18 часот се собираа на старото место, пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, а потоа преку мостот ’Гоце Делчев’ треба да маршираат до Уствниот суд. Во повикот на Протестирам за денешниот протест во Скопје беше наведено дека тие планираат да протестираат пред еден од симболите на неправда и корумпираност - Неуставниот суд“. Демонстрантите меѓу другото бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство , и итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов.

Инаку, на 16 ти март, Уставниот суд на затворена седница, без присуство на новинари донесе одлука за укинување на измените на Законот за помилување од 2009-та година, со што претседателот на државата доби можност да помилува осуденици за изборни нерегуларности, педофили, наркодилери, како и лица осудени за дела против човечноста.

XS
SM
MD
LG