Достапни линкови

Загина едно лице во пожар на руски танкер


Руски нафтен танкер го зафатил оган во Каспиското море при што загинал еден член на екипажот. Руските и азербејџанските власти соопштија дека спасувачките тимови користеле бродови и хеликоптери при борбата со огнената стихија на бродот Палфлот 2. Од бродот кој бил во водите на Туркменистан кога избил пожарот биле евакуирани останатите 10 членови на екипажот. Се уште не се знае причината за пожарот.

XS
SM
MD
LG