Достапни линкови

Претставникот на ОН за Сирија бара итна средба


Специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура

Специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура

Специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура повика на итна средба на светските и регионалните сили со цел да се оддржи прекинот на огнот во Сирија. Според него, потребен е министерскиот состанок на меѓународната група за поддршка на Сирија во која се вклучени САД, Русија, ЕУ, Иран, Турција и арапските земји.

Тој истакна и дека политичките разговори за иднината на Сирија се во застој, а прекинот на огнот е нарушен, при што блокирана е и испораката на хуманитарна помош. Прекинот на огнот во Сирија стапи на сила на крајот на февруари, но борбите во земјата ескалираа во последните недели особено околу Алепо.

XS
SM
MD
LG