Достапни линкови

САД повторно го повикаа Иванов да ја повлече одлуката


Директорката на прес канцеларијата на Стејт Департментот, Елизабет Трудо во изјава за Гласот на Америка го повика претседателот Ѓорѓе Иванов да ја поништи неговата одлука за помилување на лицата поврзани со политичката криза и со аферата прислушување и да му дозволи на Специјалното обвинителство и на судовите да ја вршат својата работа.

Таа истакна дека САД и ЕУ јасно ја искажале својата загриженост за важноста од кредибилни избори во Македонија. Времето, како што нагласува Трудо е кратко и многу преостанува да се направи.

XS
SM
MD
LG