Достапни линкови

Рекорден број потписници на договорот за климатски промени


Францускиот претседател Франсоа Оланд на потпишувањето на договорот.

Францускиот претседател Франсоа Оланд на потпишувањето на договорот.

Рекорден број на светските лидери и други претставници од 175 земји го потпишаа Парискиот договор за климатските промени во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк. Русија, САД и Кина се меѓу потписниците на договорот. Некои од земјите кои се најголемите производители на нафта во светот како Ирак, Казахстан, Саудиска Арабија и Нигерија се уште не најавија дека ќе го потпишат договорот.

Францускиот претседател Франсоа Оланд беше првиот лидер кој го потпиша договорот, на церемонијата чии домаќин беше генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун. Договорот чии текст во декември беше усвоен од речиси 200 земји, има за цел ублажување на последиците од климатските промени и да го одржи растот на глобалните просечни температури под два степени целзиусови, во споредба со пред индустриското ниво.

XS
SM
MD
LG