Достапни линкови

Независна комисија за „Панама документите“ во Пакистан


Пакистанскиот премиер Наваз Шариф.

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф.

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф го прифати барањето на опозицијата да побара од претседателот на Врховниот суд да формира независна комисија која ќе ги истражува оф шор сметките поврзани со неговото семејство. За време на неговото обраќање кон нацијата тој истакна и дека ќе ги прифати заклучоците на комисијата и доколку е потребно ќе поднесе оставка од функцијата.

Комисијата ќе ги разгледува оф шор фирмите на неговото семејство кои поседуваат низа недвижности кои беа откриени при масовното протекување на документи од адвокатска канцеларија Мосак Фонсека во Панама.

XS
SM
MD
LG