Достапни линкови

Русија го суспендира долгот на Украина


Рускиот министер за финансии, Антон Суливанов.

Руските власти соопштија дека привремено го суспендираат барањето до Украина за целосно враќање на заемот од 3 милијарди долари со цел да и дадат време на новата влада во Киев да донесе одлука по прашањето.

Рускиот министер за финансии, Антон Суливанов изјави дека новата украинска влада треба да ја преиспита својата позиција и да отвори преговори со Русија за долгот. Според него, Украина претходно побарала од Русија да ја земе во предвид политичката нестабилност во земјата.

XS
SM
MD
LG