Достапни линкови

Шарената револуција стаса до Агенцијата за медиуми


Шарената револуција продолжува и денеска. Демонстрантите со боја гаѓаа кон зградатанаАгенцијата за медиуми и скандираат „ова беше парк“. Тие извикуваат и „оставки“ и „нема правда, нема мир.“ Вчера тие со боја гаѓаа и кон зградата на Владата, а боја беше истурена и на улицата пред владината зграда. Претходните денови демонстрантите со боја ги „украсија“ , Трумфалната капија, споменикот на Александар Македонски, Зградите на Министерствата за правда и култура, седиштето на Град Скопје. На протестот во организација на „Протестирам“ има неколку илјади граѓани. Десетти ден по ред демонстрантите протестираат против политиките на власта. Протестите започнаа поодлуката за аболиција на политичари од страна претседателот Ѓорге Иванов. Демонстрантите меѓу другото бараат одлуката да се укине, Иванов да си даде оставка од функцијата претседател, да се повлече одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни. Протестите се во организација на движењето „Протестирам“.

XS
SM
MD
LG