Достапни линкови

Светските лидери потпишуваат договор за климатски промени во ОН


Светските лидери и други претставници од околу 170 земји почнаа со потпишување на Парискиот договор за климатските промени на Обединетите Нации. Францускиот претседател Франсоа Оланд беше првиот лидер кој го потпиша договорот, на церемонијата чии домаќин беше генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун во седиштето на организацијата на Њујорк. Договорот чии текст во декември беше усвоен од речиси 200 земји, има за цел ублажување на последиците од климатските промени и да го одржи растот на глобалните просечни температури под два степени целзиусови, во споредба со прединдустриското ниво.

XS
SM
MD
LG