Достапни линкови

logo-print

Ципрас: Турските барања пречка за мисијата на НАТО


Турските барања се пречка за мисијата на НАТО, која се обидува да спречи криумчарење мигранти преку Егејското Море, оцени денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Во изјава по одржаниот состанок со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Атина, Ципрас рече дека голема пречка е ограничувањето на целосниот оперативен пристап на регионот.

„Грција ќе преземе напори за да може мисијата на НАТО да придонесе за решавање на кризата, изјави Ципрас.

„За жал јасно е дека пречки произлегуваат од едностраните барања и ставови на Турција. Тие барања и ставови за жал, ги изразија со зголемени активности што го загрозуваат нашиот воздушен простор“, потенцира тој.

НАТО во март испрати бродови во грчки и турски води во Егејското Море.

XS
SM
MD
LG