Достапни линкови

logo-print

Зголемен бројот на новодојдени мигранти во Грција


Во Грција дневно пристигнуваат по околу 150 имигранти со чамци од Турција, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

„Бројот на новодојдените имигранти во Грција, кој на почетокот на месецов беше сведен на нула, сега одново почна да расте. Во последните три дена пристигнаа по 150 лица на ден, изјави портпаролот на ИОМ Џоуел Милман на брифинг во Женева.

Според него, зголемувањето на бројот може да се должи на поубавото време или поради шверцерите на мигранти кои ја зголемиле активноста.

Од почетокот на годината преку Средоземното Море во Европа пристигнале над 180.000 мигранти и бегалци, а над 1.200 загинале или исчезнале без трага за време на своето патување, рече Милман.

Најмногу од нив пристигнале во Грција - 154.227 лица, по што следува Италија со 24.927 лица. Пристигнатите имигранти во Шпанија се 1.063, а во Кипар 28.

XS
SM
MD
LG