Достапни линкови

Постојана борбена бригада на САД во Европа


Идниот шеф на американските сили во Европа, генерал Кертис Скапароти изјави дека поддржува постојана американска борбена бригада во источна Европа со цел одвраќање на руските наметливи акции. Тој на сослушувањето во Сенатот изјави дека е и за распоредување американски носачи на авиони на Средоземно море со цел да се испрати стратегиска порака до Русија и Иран. Скапароти кој се очекува да стане шеф на американските сили во Европа во наредните недели, исто така ќе биде и главен командант на НАТО.

XS
SM
MD
LG