Достапни линкови

Почина музичката икона Принс


Американската музичка икона Принс бил пронајден мртов во неговиот дом во Минеаполис, Минесота. Засега нема детали за тоа што би можело да биде причината за смртта на 57 годишниот Принс. Тој претходно го откажа концертот во Атланта поради грип. Американскиот претседател Барак Обама издаде соопштение во кое наведува дека тој и неговата сопруга биле дел од милионите негови фанови во светот. Принс продаде повеќе од 100 милиони плочи за време на неговата кариера и има добиено седум награди Греми.

XS
SM
MD
LG