Достапни линкови

ГДОМ развеа знаме на Трумфална


Поддржувачите на ГДОМ поставија македонско знаме на Триумфалната порта и запалија пиротехнички факели. „Единствена Македонија“, „Не во ЕУ“, „НАТО - надвор“ и „Народот е силата“ се плакатите залепени на собирот. Демонстрантите велат дека ќе ги одбранат спомениците и ќе ја одбранат Македонија. Говори на членови на ГДОМ, песни во изведба Сузана Спасовска и Андријана Јаневска, па македонски патриотски песни, ора. Во ваква атмосфера се одвива протестот на Граѓанската иницијатива за одбрана на Македонија (ГДОМ), пред Собранието на Македонија. Тие протестираат со паролата „Да“ за избори на 5-ти јуни, „Не“ за деструкции и црни сценарија од страна на СДСМ.

„Некој сака украинско сценарио, односно граѓански војна. Ама нема услови, зошто сите сме на една страна, сите сме Македонци, а на другата страна има странски и домашни платеници“, рече во својот говор Александар Даштевски.

Во изминатите денови активистите на ГДОМ организираше протести низ повеќе градови во Македонија на кои се бараше да се одржат избори на 5-ти јуни и да се поништи одлуката на претседателот Ѓорги Иванов за аболиција на Зоран Заев и Зоран Верушевски.

XS
SM
MD
LG