Достапни линкови

Средба меѓу „Протестирам“ и поддржувачи на ГДОМ пред Соборен


На раскрсницата пред Соборниот храм во Скопје граѓаните учесници на протестот организиран од „Протестирам“ за малку ќе се сретнеа со група поддржувачи на ГДОМ, но полицијата застана меѓу нив, по што демонстрантите продолжија кон Влада. На неколку места се распоредуваа полициски сили за да им го попречат патот, но потоа ги пуштаа демонстрантите, неколку десетици илјади на број, да продолжат по својот пат. Тие првин се собираа пред седиштето на СЈО, па потоа протестираа пред седиштето на ЕУ. Таму неколкупати се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Протести во организација на „Протестирам“, вечерва има и во Штип, Куманово, Кавадарци, Битола.

XS
SM
MD
LG