Достапни линкови

„Протестирам“ кон Влада, весело пред Собрание


Демонстрантите од пред седиштето на ЕУ, тргнаа кон Влада. Тие претходно неколкупати се обидоа да го пробијат полицискиот кордон стациониран пред седиштето на ЕУ во Скопје. На протестот има силно полициско присуство и водени топови. Демонстрантите извикуваат „спуштете ги штитовите“, „кого браните“, „дојдете со нас“.

„Протестирам затоа што не сакам да емигрирам“, порача учесничка на протестот која одржа говор пред насобраните демонстранти.

Во меѓувреме на контра-протестот пред Собрание се собраа неколку илјади граѓани. Тие играат оро на патриотските песни. „Рушете- ние ќе градиме“, „Стоп на хулиганството“, „Избори на 5 јуни“, „ За зајко неранимајко прочка нема, Грујо нема кој да го победи“, се дел од транспарентите на демонстрантите пред Собрание.

XS
SM
MD
LG